Францускиот претседател Емануел Макрон, кој предничи во притисоците врз бразилскиот колега по должност Жаир Болсонари за справувањето со огнената стихија која ја голта Амазонија, беше во неделата грубо навредуван на Twitter во Бразил. Најнавредливиот твит беше напишан од бразилскиот министер за образование, Абрахам Вејнтрауб.
„Макрон не е на ниво на оваа дебата. Тој е само опортунистички кретен кој бара поддршка од француското аграрно лоби“, напиша министерот откако Макрон се спротистави на договорот за слободна трговија ЕУ-Меркосур.
„Франција е држава на крајности. Таму се родени Декарт и Пастер, но исто така и колаборационисти со нацистите од Втората светска војна“, додаде Вејнтрауб.
„Французите одбраа претседтаел без карактер. Тој кретен Макрон треба да биде нападнат, гласи твитот на бразилскиот министер за образование.
Во петокот синот на претседателот Болсонаро – Едуардо, кој е пратеник и иден нов амбасадор во Вашингтон, објави на Твитер видео снимки од протестиоте на Жолтите елеци во Франција со текст: „Макрон е идиот“.
Олаво де Карваљо, писател и „гуру“ на Жаир Болсонаро, кој живее во САД, си поигра на Твитер со презимето на Макрон и го нарече – „Макрокон“ (од Macron и con, што на француски значи „глупак“).