Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Зголемен сообраќај на патните правци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
112256059

Сообраќајот во земјава се одвива по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, додека на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

— реклама —

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

— реклама —
— реклама —

На Регионалниот пат Р1107, Транзитен дел низ Кавадарци (Западен Булевар), и денеска ќе се изведуваат градежни активности од 8:00 до 17:00 часот.

— реклама —

АМСМ информира дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај и оти на овој автопат се вршат проверки од безбедносен карактер. АМСМ апелира до сите возачи да не го користат автопатот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања