Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Зголемено домашното производство на струја, се ставаат во функција сите расположливи капацитети, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Dalekovod_Pari

СДСМ и коалицијата, преку институциите кои ги предводат, преземаат навремени мерки за заштита на стандардот на граѓаните и обезбедување на соодветно количество енергија и храна во пресрет на една од најтешките зими поради глобалната економска и енергетска криза, вели СДСМ

— реклама —

„Зголемено е домашното производство на струја, се ставаат во функција сите расположливи капацитети и енергетски потенцијали, како и од нови обновливи извори на енергија.

Со последната одлука, обезбедени се нови 50 милиони евра на ЕСМ, да може дополнително да го зголеми производството, а на сила се и мерките за заштеда на струја.

— реклама —

Државата обезбедува субвенционирање на 80% од цената на сметката за струја за граѓаните, а граѓаните плаќаат само околу 20% од цената.

— реклама —

Во овој момент сите граѓани, но и 72.000 мали потрошувачи, а тоа се помалу приватни компании добиваат 80% субвенционирана цена на електрична енергија.

Со ребалансот на Буџетот се издвоени 76 милиони евра за нови мерки за помош.

— реклама —

СДСМ одговорно и државнички во време на светска енергетска криза, се грижи за сите граѓани“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања