Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Згради и со 35 ката се спремаат кај „Алумина“ - револтот голем, планот се протнува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
alumina-zgradi-666

Осум згради, од кои две се со 35 ката, се нацртани за изградба на просторот кај поранешната фабрика „Алумина“. Сопственик на земјиштето е „Пуцко петрол“ е сопственик на земјиштето, но не мора да изгради згради какви што прикажа Општина Карпош на нивната веб-страница. Според дозволата, зградите можат да бидат високи и до 35 метри, па така, активистите од „Борба за Влае“ сметаат дека тоа значи сите згради да бидат со 35 ката.

— реклама —

Ова би значело дека висококатниците ќе ги стават во втор, но и трет план околните живеалишта – куќите во Тафталиџе, но и ниските згради. Јавната презентација ќе се одржи утре (12 декември), а револтот од планот е очигледен.

— реклама —

— реклама —

„И во стариот и во новиот ДУП има предвидени 2 блока во Алумина. Во стариот ДУП (донесен во 2016, укинат на Уставен суд во 2018) блокот објект за домување е висок 80 метри, а блокот трговски центар 105 метри. Во новиот предлог ДУП двата блока се високи 108 метри. Испаѓа инвеститорите, исто како и во секој нареден предлог ДУП за Кино Влае, се во ќар од укинувањето?! Лага е дека во новиот ДУП за Пуцко Петрол се предвидуваат 8-катници, 11-катници итн. и дека само 2 згради ќе бидат 35-катници. Тоа беа само визуелизации, не беа ДУП кој би се носел на Совет. Спротивно на визуелизациите, овој предлог ДУП му овозможува, ако сака, целиот простор да го направи со еден голем блок од 35 ката или со повеќе 35-катници. Општината намерно ги пушти сликите со рендери да ја залажува јавноста. Она што го има во рендерите не е истото што го има во ДУП-от! Во ДУП-от во ниеден дел нема помали висини. Само 108 метри. Ако изгледаа огромни зградите во рендерите замислете што ќе изгради Пуцко според ДУП-от кој му дава одврзани раце да прави какви сака згради од 35 спрата. Ваков ДУП не смее да се донесе!“, алармираат од „Борба за Влае“.

Според „Независни за Карпош“, овој комплекс не нуди хумано живеење. Граѓаните кои имаат куќи веднаш до новиот комплекс згради кој се планира и кои живеат тука со години немаат право да поднесат анкетен лист оти не се во овој блок кој се планира.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања