Одговорното лице за протокол во Министерството за надворешни работи си поднело оставка по поставувањето на словачкото наместо словенечкото знаме.
Ова го потврди синоќа министерот за надворешни работи Бујар Османи во емисијата 24 Анализа на ТВ 24.
- Тоа беше едно од десетте знамиња и кога имате интензивна агенда се прават грешки. Директорот на протоколот поднесе оставка иако немаше никаква директна одговорност која ја прифатив. Тоа се други луѓе, а поради морална одговорност поднесе оставка, а работеше една година, рече Османи во емисијата.
Директорот на протокол на Министерството за надворешни работи (МНР), којшто го згреши знамето на Словенија, не е разрешен од функцијата туку е унапреден во амбасадор во Москва, тврди ВМРО-ДПМНЕ во партиското соопштение што го испрати до медиумите.
„Бујар Османи не ја кажа вистината кога соопшти дека директорот на протоколот наводно поднел оставка поради згрешеното знаме за време на посетата на словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон. Вистината е дека тој добил датум и е унапреден за амбасадор во Москва. Се поставува прашањето зошто Османи ја лаже јавноста? Неспособноста е длабоко вкоренета во институциите. Како може човек кој не разликува знам да преставува држава?“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Ова се дел од коментарите на граѓаните на социјлните мрежи
https://twitter.com/Gerasim_mk/status/1587493453520424965?s=20&t=x7b90fvYAtIJxr3LKbFSAA
https://twitter.com/DzonsonMK/status/1587417110552236033?s=20&t=x7b90fvYAtIJxr3LKbFSAA
https://twitter.com/seznajko_mk/status/1587515246159216646?s=20&t=x7b90fvYAtIJxr3LKbFSAA
https://twitter.com/mancesterovec7/status/1587480982571081730?s=20&t=x7b90fvYAtIJxr3LKbFSAA
https://twitter.com/Nepismen300/status/1587196414085455874?s=20&t=x7b90fvYAtIJxr3LKbFSAA
https://twitter.com/deleted90808465/status/1587509809829609472?s=20&t=x7b90fvYAtIJxr3LKbFSAA