Охрид доби стационар за згрижување на кучиња бездомници.”Охридски Комуналец” во месноста “Маутцкер” на влезот во Охрид адаптира поранешен објект на АРМ за оваа намена.
“Стационарот е изграден,а набавени се две возила за транспорт на животните.Вработен е и еден шинтер во нашето претпријатие.Во објектот има услови за третман на 30 кучиња бездомници.Проблемот во Охрид с усложнува бидејќи имаме дојава од правни и физички лица дека со возила од други градови се носат кучиња скитиници и се оставаат на охридските улици”,ни изјави директорот на “Охридски Комуналец” Љупчо Грданоски.

Во текот на идната неделеа “Охридски Комуналец” ќе распише и тендер за набавка на храна за овие бездомници.
За кучињата во моментов се згрижени шест кучиња, а за нив се грижат волонтери од Охрид.