Шеесет и шестгодишна жена од Скопје пријавила дека била физички нападната од својот брачен партнер во двор на црква во скопско, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата, на 21 септември 2026 година околу 11:15 часот, жената била физички нападната од брачниот партнер, со кого не живеат заедно.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во 19:30 часот.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.