Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Зиадин Села се сретна со американската амбасадорка, Кејт Брнс

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
WhatsApp-Image-2019-11-15-at-15.19.22

Денес, во канцелариите на Алијансата за Албанците во Скопје, лидерот  на АА Зиадин Села, одржа консултативна средба со амбасадорката на САД, Кејт Брнс.

— реклама —

Безбедноста, просперитетот, почитувањето на човековите права, владеењето на правото и борбата против криминалот и корупцијата се области за кои Алијансата за Албанците се залага. Лидерот на АА Зиадин Села, од блиску и објасни на амбасадорката за ова, посочувајќи ги напорите што ги направи Алијансата за Албанците како опозициски

— реклама —

политички субјект и продолжува да ги прави за да се постигне безбедност и стабилност во земјата, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците.

— реклама —

Амбасадорката Брнс ја потврди поддршката на САД за Северна Македонија на нејзиниот пат кон НАТО и ЕУ.

— реклама —

На средбата, посебен акцент беше ставен на напорите за постигнување на целосна слобода на медиумите, како начин за слободно изразување и демократија.

На средбата присуствуваше и потпретседателот на Алијансата за Албанците, Елми Азири, Политичкот советник при Амбасадата на САД, Ендру Мофат и Политичкиот аналитичар при Амбасадата на САД, Адриан Исмаили.

Лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села, интензивно ги продолжува средбите со странски амбасадори, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања