Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Зибери: Народен правобранител не станав како компензација за премиер

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
ziberi

Изборот за Народен правобранител не е никаква компензација. Јас доброволно прифатив да бидам номиниран за можен кандидат за премиер, но изборните резултати дадоа таква конфигурација и резултатот е тој што е, се знае кој е премиер. Сам се пријавив на огласот за Народен правобранител, Собранието ме избра и од формално – правна гледна точка целата работа се заврши согласно прописите, истакна Насер Зибери, новоизбраниот Народен правобранител, во интервју за Радио Слободна Европа. 

— реклама —

Во интервјуто Зибери ги отфрла критиките дека е „правобранител на ДУИ“ и дека тешко дека може да се очекува тој да биде против нивните функционери, кога до вчера бил нивен кадар.

— реклама —

„Законот во ниту една одредба не забранува кандидат кој бил номиниран за можен премиер да нема право да се кандидира за функцијата Народен правобранител. Тоа е прво и второ, Законот за Народен правобранител вели дека Народниот правобранител во вршењето на својата функција, должност и овластување е самостоен и како таков јас ќе бидам во извршувањето на моите надлежности“, вели Зибери.

— реклама —

фото: PRTSC  Радио Слободна Европа

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања