Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Зибери: Првиот премиер Албанец, а тоа е најдобриот одговор што можеме да му го дадеме на Заев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Слајдер
ziberi

Зибери од пред Собранието на Македонија истакна дека “Заедно со 120-те одлични кандидати за пратенци на ДУИ, повеќе од 98 проценти од нив се млади и повеќе од 40 проценти жени, но и заедно со другите партии и воглавно заедно со граѓаните, на 15 јули ќе ја напишеме историјата.Тоа ќе биде датумот што ќе се памети како ден кога првиот премиер албанец на Северна Македонија ќе стане реалност,“, додоавајќи дека „пред само неколку недели, оваа одлична идеја беше само сон. Сега овој сон ќе го реализираме. Верувам во поддршката на илјадници граѓани што ги запознав кога патував низ целата земја, кога ги посетував не само градовите, туку и десетиците мали села. Со оваа одлична идеја, ги активиравме и мотивиравме граѓаните, и не само албанската заедница“.

„ Првиот премиер Албанец е многу повеќе од симбол на еднаквост. За мене оваа позиција е алатка за подобрување на животот на граѓаните. На сите граѓани; Албанци, Македонци, Турци, Босанци, Власи, Срби и Роми. Тоа е алатка за достигнување на подобар живот за луѓето, за секој од нас. Тоа е алатка за еднаква правда и еднаква застапеност. Тоа е алатка за повеќе работни места и подобри плати. За подобар живот и подобра иднина. Во првите 100 дена ќе ја зголемам минималната плата за медицинските сестри, наставници и воспитувачи на 600 евра. Ќе предложам социјални пензии за сите жени кои немаат право на работна пензија. Ќе имплементирам политика на нула даноци за граѓани до 35 години, доколку започнат со својата прва работа или го основаат својот прв бизнис. Ќе обезбедиме државни заеми од 20.000 евра за младите семејства да го купат својот прв дом и 20.000 евра државни грантови за млади земјоделци“ – истакна Зибери.

— реклама —

Зибери потоа се осврна и на работата на членовите на неговиот кабинет, потенцирајќи дека “Сите членови на мојот кабинет ќе поминат низ ветинг, како и сите политичари, судии, обвинители и државни службеници..

— реклама —

„ Ние сè уште имаме потреба од рамноправно општество. Иако, ние веќе постигнавме многу, сè уште не е доволно. Еднаквоста е повеќе од закони и договори, на еднаквоста и треба

— реклама —

дух. Точно на време, непосредно пред изборите, поранешниот премиер ја тргна маската и го покажа своето вистинско лице, неговото вистинско мислење за нас Албанците, дека не вредиме за 5 пари. Јас нема да одговорам на оваа навреда кон сите Албанци, но, ќе бидат албанските граѓани, тие кои што ќе го дадат својот јасен одговор, на гласачките ливчиња. Со нивното обединето гласање, ќе нè направат доволно силни, за да ја заземеме позицијата Премиер. Првиот премиер Албанец. А тоа е најдобриот одговор што можеме да му го дадеме на Заев. Затоа што вредите!“.

На крајот од својот говор, Зибери ги повика сите македонски граѓани, кои се сити од слушање празни ветувања и доживеале 30 години политичка војна, овој пат да заземат став и да гласаат за број 9, за независен, неутрален премиер, за нова ера на политика и крај на владеењето на ВМРО и СДСМ.

„ Заедно, ќе создадеме земја во која луѓето живеат еднакви и каде што нашите деца ги имаат сите шанси да ја создадат иднината овде во Северна Македонија. Каде се родени и каде имаат свој дом, На овие избори одлуката е многу јасна: Или ќе го трошите вашиот глас и ќе го задржите македонскиот дуопол на власт, дозволувајќи им да продолжат да владеат и во иднина за своите интереси, или гласајте за бројот 9, за првиот премиер Албанец, за подобар живот за сите нас. Ајде да го оствариме сонот. Гласајте 9. А нашата крајна дестинација, на 15 јули, ќе биде зградата на Владата“ – заврши Зибери.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања