Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Зимските служби го остстрануваат снегот во Карпош

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
Slika-od-Cistenje-na-sneg

Зимските служби на Општина Карпош уште денес, почнаа да ги чистат покритичните, повисоки места во Општината.

„Во овие моменти се отстранува снегот во Жданец, Трнодол, повисоките места на Козле, Бардовци, Горно и Средно Нерези, како и долж сервисните улици во Карпош.

— реклама —

На терен, активно работат два камиони со придружна механизација, при што се истурени поголеми количиества сол во посочените урбани заедници.

— реклама —

Исто така, локалната самоуправа го отстранува снегот и од пофреквентните места: пред влезови на градинки, тротоари, платоа и сл.

— реклама —

Ангажирани се и хигиеничарите кои се дел од нашите комунални служби, кои со соодветна опрема и механизација придонесуваат за побезбедно движење на граѓаните. Хигиеничарите ќе работат и во вечерните часови.

Упатуваме апел до сите правни лица, сопственици на локали да го исчистат околниот простор околу својот објект. Ова е нивна обврска согласно член 22 од Законот за јавна чистота.

Освен тоа, потребно е и соработка од граѓаните во расчистување на снегот од коловозите, односно да ги отстранат своите возила од тротоарите и улиците (станбени и сервисни), со цел специјалните возила за чистење на снег непречено да се движат и да работат“, велат од Општина Карпош.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања