Жители на скопската населба Кисела Вода преку социјалните мрежи апелираат до Општина Кисела Вода и до полициската станица во општината да се засилат контролите врз возачите на скутери и автомобили кои несовесно учествуваат во сообраќајот.
Во објавата се наведува дека за само половина час, од 11:30 до 12 часот, на две различни локации биле забележани опасни ситуации во сообраќајот, поради што граѓаните изразуваат загриженост за безбедноста на пешаците, децата и останатите учесници во сообраќајот.
„Родители, деца, возачи на автомобили и скутери, ве молам поведете сметка што купувате и како возите... Зарем животот на еден човек, дете, не вреди ништо? Страшно!“, стои во реакцијата објавена на социјалните мрежи.
Граѓаните бараат поголемо полициско присуство и почести контроли со цел да се спречат сообраќајни несреќи и опасно возење по улиците во општината.