„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Жителите на „Јане Сандански“ ја поддржуваат реконструкцијата на улицата, тие се против реакциите на Охрид SOS

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
protets-ohrid

Жителите на „Јане Сандански“ ја поддржуваат најавената реконструкција на улицата. Тие со граѓански собир  денеска изразија незадоволство од реакциите на граѓанската асоцијација „Охрид СОС“ и барањето да се стопира проектот за реконструкција на улицата. Велат дека веќе 30 години го чекаат овој проект и не знаат кому му одговара ова да се стопира. Додаваат дека најголем проблем им е водоводната и канализациона мрежа, стара повеќе од пет децении.

— реклама —

– Ние овој проект го бараме веќе 30 години. Не се работи само за обновување на дрворедот, бараме реконструкција на водоводна мрежа, тротоарите да се нивелираат, да има велосипедска патека. Добро е што конечно ќе се реализира овој проект. Улицата што е бренд за Охрид жалосно е да се гледа во оваа состојба, рече Илија Џепароски, жител на улицата.

— реклама —

По однос на сечењето на дрвата велат дека секојдневно се соочуваат со наткренатите тротоари од излезените корења, што им претсавуваат проблем во движењето особено на повозрасните, лицата со посебни потреби и мајките со деца. Апелираат да се засадат нови, но со коренов систем кој нема да бида површински.

– Има многу проблеми, а најголем е водоводната инсталација градена некаде 56/57-ма година. На секој втор месец има по некоја пукнатина, се прават штети, има дел од жителите кои имаат тужено и ги имаат добиено делата. Да се смени водовод и канализација, тротоарите да се направат, а за дрвата, ќе се зададат нови, со подлабок корен, овие прават голем проблем, коренот им е површински па подигнат е тротоарот. Треба да се одберат дрва на кои коренот ќе оди надолу, вели Јове Јованоски, еден од постарите жители на оваа улица.

Се жалат дека при поголеми врнежи од дожд водата им влегува во дворовите и уште еднаш потенцираа дека жално е да се стопира нешто убаво што се сака да се направи.

Инаку, утринава започна сечењето и отстранување на дрворедот на улицата „Јане Сандански“ како дел од најавените подготвителни активности за комплетна реконструкција на една од поважните сообраќајни артерии на градот и промена на водоводната азбестна линија. Ќе се реконструира потегот од крстосницата со булеварот „Туристичка“ до кружниот тек кај Болнички комплекс.

 

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-03-27-at-15.29.01

Николоски: Со обсмислена стратегија го развиваме охридскиот аеродром, Охрид преку Истанбул од денеска го поврзуваме со цела Европа и светот

Македонија | пред 9 месеци

kosta

Георгиески од манастирот "Свети Илија": Нека е за многу години празникот!

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

(ФОТО) Градоначалникот објави ЕКО ИНФО за изминатите 24 часа во Охрид

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Се гради ново детско игралиште на пешачката патека кон „Горица“

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања