Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Жителите на село Рамни Габер не дозволиле да се отвори гласачкото место

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
IZBORI-GLASANJE

За 60 луѓе од селото Рамни Габер, гласањето за претседател заврши уште пред да да започне. Самите се решиле на тој чекор, за така да им покажат на политичарите колку тие се разочарани од нив, објави Телма.

–Жителите на селото Рамни Габер незадоволни од третманот на градоначалникот кај кого осум години одат во кабинет и го молат да им го направи патот овде во селото – решија да ги опструираат претседателските избори така што го сокрија клучот од просторијата кадешто денес требаше да се гласа.

— реклама —

Од градоначалникот не бараат многу – ни кажаа тие. Сакаат само да се уверат дека не се заборавени од оние за кои го дале гласот.

-Нека дојде булдожерот тука да го видат сите. Тогаш ќе гласам, кажа Саљуш Азири, жител на селото Рамни Габер.

— реклама —

Жителите се пожалија дека особено во зима едвај се движат кога ќе падне многу снег.

–Доаѓа лето, доаѓа зима, имаме стока. Немаме ниту пат, ниту услови ниту ништо. Затоа луѓето бегаат во Скопје, во Студеничани, во Морани. Поради патот, кажа Саљуш Азири, жител на селото Рамни Габер. –Ја заклучиле вратата со катанец и не ја отвараат заради тоа што градоначалникот не доаѓа да види што е ова, како живееме. Снег до колена, кажа Али Азири, жител на с. Рамни Габер.

Негласањето во Рамни Габер беше меѓу првите неправилности кои Државната изборна комисија ги забележа на изборниот ден.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања