Група на мажи запалиле 23- годишна девојка која како жртва на силување одела на судење на северот на Индија, а помеѓу убијците се наоѓал и силувачот.
Жената одела на сослушување за случајот во кој таа обвинила двајца мажи дека ја силувале, во март во државата Итра Прадеш. Таа сега е во критична состојба во болница, каде се лекува од тешки изгореници.
Петмина мажи, вклучително и двајцата обвинети дека ја силувале, се уапсени под сомнение дека ја запалиле, соопшти полицијата.
Жената се движела кон железничката станица, кога група мажи ја нападнале и ја одвлекле до некое место во близина, каде што ја запалиле.
фото: Wustoo