Живееме во држава на криминалци и локални шерифи кои заедно со судството можат да прават што сакаат, на ЕУ не и требаме, порача Божиновски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
odblizu-so-modzho-kilington-eden-od-najiskrenite-aktivisti-pisateli-i-scenaristi.6jpg

Нови остри критики од Божидар Божиновски, кој важи за еден од гласноговорниците, кој оди спротивно на политиките кои ги смета за погрешки. Според него, На ЕУ не и требаме, а ние еве сме и без ЕУ.

— реклама —

„Веќе станува тажно ова инсистирање на ЕУ и само ЕУ. Да, многу добро ќе беше ЕУ да покажеше разбирање за нашите проблеми со соседите, за домашните проблеми, да пружеше рака да помогне. Напротив, тие застанаа на страната на појакиот во тие неправди што ни се случува со децении. Ни еднаш не рекле “доста е” на изживувањето на соседите, а ни на домашниве криминалци кои нѐ водат.

— реклама —

На ЕУ не и требаме, а ние еве сме и без ЕУ. Какви, такви. И со големи проблеми што ниеден Устав нема да ги смени туку само реформи и работа. И пред сѐ - правда! Живееме во држава на криминалци и локални шерифи кои заедно со судството и обвинителството можат да прават што сакаат, неказнено. Во нивни џебови ни се одливаат парите за здравство, образование, инфраструктура, култура…

— реклама —

Корупцијата е видлива - распаднати болници затоа што некој крадел, школи под секој стандард и без ученици дека некој крадел, дупки на патот дека некој крадел. Евроскептицизмот е на највисоко ниво од кога постои Македонија. Не е ова резултат на руска пропаганда туку на ЕУ и нивните пулени овде кои се криминалци или медиумски го поддржуваат тој криминал. И никој нема да ни среди ништо од надвор дур не средиме сами“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања