Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

(ЖИВО) Тензично на протестите за „Монструм“, има повредени полицајци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
monstrum-8

Под мотото „Слобода, правда и демократија – Стоп на монтираните случаи“ Во Скопје се одржува  протест на членови на семејствата и поддржувачи на казнетите во, според нив, судските монтирани случаи „Монструм“, „Алмир“, „Алфа“, „Харун Алиу“, „Бродец“ и други судски случаи.

Полицијата постојано е провоцирана, има луѓе со качулки кои со камења маваат со полицајците. Демонстрантите скандираат Голема Албанија, носејќи албански знамиња во рацете.

Во немирите неофицијално повредени се неколкумина полицајци.

— реклама —

Тензиите почнаа откако демонстрантите побараа полицијата во рок од 10 минути да ја „ослободи“ улицата. Но, напротив, патот им го попречува огромен полициски кордон составен од припадници на специјалните единици, а на улица има и оклопни возила.

— реклама —

Учесниците на протестите почнаа да фрлаат со камења и други предмети кон припадниците на полицијата.

— реклама —

Протестот е поради незадоволството на семејствата на обвинетите во случајот „Монструм“ по изрекување доживотни казни затвор на обвинетите Халил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ, единствена казна затвор од 15 години за обвинетиот Фејзи Азири и единствена казна затвор од девет години на обвинетиот Хаки Азири, обвинети за петкратното убиство на пет лица кај Смилковското Езеро на 12 април 2012 година.

За обвинетиот Сами Лута, се одбива обвинението, поради откажување на јавниот обвинител.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања