ЖКК „Бадел 1862“ од Кисела Вода домаќин е на женскиот кошаркарски клуб „POST SV Nirnberg“, од Германија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
IMG-c33e9746aa319d184b900d216ff21667-V

— реклама —

ЖКК „Бадел 1862“ од Кисела Вода оваа седмица е домаќин на женскиот кошаркарски клуб „POST SV Nirnberg“, од Германија.

— реклама —

— реклама —

„Ова е возвратна посета од страна на кошаркарките од Нирнберг, по престојот на нашите девојки на гости кај нив, минатата година, кога воспоставивме одлични односи помеѓу двата клуба. Ние правиме се да им возвратиме на нивната гостопримливост. За време на престојот на германскиот тим во Скопје, ќе се реализира богата програма. Девојките заеднички ќе тренираат, ќе разменуваат искуства, а ние како домаќини ќе им овозможиме и културно историски разглед на нашиот град. Во оваа прилика би сакале да искажеме јавна благодарност до градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски за дадената помош за организација и реализација на програмата“, изјави Љупчо Павловски, тим менаџер на ЖКК „Бадел 1862.

Во рамки на долгогодишната соработка на збратимените градови, Нирнберг и Скопје, денеска градоначлникот на Град Скопје, Петре Шилегов ќе се сретне со кошаркарките на клубовите од Германија и Кисела Вода.

Девојките од двата клуба првиот заеднички тренинг го одржаа во Кисела Вода. Следниве денови тие ќе тренираат на планината Водно, ќе го посетат кањонот Матка, а планирано е  во Скопје да проследат и дел од натпреварите на Европското првенство во женска кошарка, А дивизија, за девојки под 16 години. Покрај ова, на крај од посетата на 30.08.2019 година, во

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања