Државната комисија за спречување на корупција го објави каталогот на подароци за избрани и именувани лица за 2025 година во согласност со законските обврски и принципите на транспарентност и отчетност во јавниот сектор.
Сепак од пријавеното има вкупно 55 написи, од кои повеќето се објавени од главниот државен ревизор Максим Ацевски и претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Дали другите функционери не добиле никаков подарок или ,, заборавиле” да ја исполнат законската обврска.
Ацевски пријави повеќе сувенири и тоа рамка со народна носија, украсна паричка, украсен чамец, керамички сувенир, декоративна стаклена вазна.
Гаши го пријавил предметот „Златен меч“ како подарок, потоа златен меч во рамка, бисер поставен во златна школка, рачно насликана порцеланска вазна, скулптура „коњска глава“, златна и сребрена монета.
Во делот за достава на подароци од вработени, пријавени се 12 артикли. Раководител на одделение во Дирекцијата за индустриски технолошки развојни зони пријавил подарок вино „Картал вранец“ – 0,75 л, тетратка и глувчешка подлога со логото на донаторот, додека советник во Државното обвинителство на Република Северна Македонија пријавил подарок книга во вредност од 300 денари.
Државниот архив на Република Северна Македонија пријави подарок од три клима уреди во вредност од 68 илјади денари, додека Националната установа – Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга пријави подарок од декоративен предмет – акрил на дрво во вредност од 9.000 денари.
Златен меч, стаклена вазна, украсен брод, подароци пријавиле само државниот ревизор и спикерот Гаши, другите функционери молчат
Автор:
Скопје1.мк
објавено пред 4 часа -
Македонија