Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Златко Марин демантира: Наводните разговори меѓу мене и сопругата на Политико се лажни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје

Градоначалникот на Аеродром, Златко Марин ја демантира веста „Доказ“: Протекоа фотографии-еве што се случувало меѓу Саше Политико и Марина, вмешан и градоначалникот на Аеродром? која „Скопје 1“ ја пренесе од „Доказмакедонија.мк“ и не е автор на истата.

„Наводните скриншотови од разговори помеѓу мене, Златко Марин, и сопругата на Саше Политико се лажни. Ова е безобрзаен обид за рушење на мојот личен интегритет и репутација. Барам извинување и официјален демант од вашиот портал. Во спротивно најавувам тужба за клевета и навреда“, пишува во демантот на Златко Марин испратен до нашата редакција.

— реклама —

„Скопје 1“ се оградува од веста, со оглед дека истата е пренесена од друг медиум, а никој од нашата редакција не е автор на истата. Нашата редакција немала, ниту ќе има за цел рушење на нечиј личен интегритет или репутација, најмалку на градоначалникот Марин.

Поради пренесениот текст кој Марин го демантира, „Скопје 1“ му се извинува, иако, во текстот е целосно оградена нашата редакција и поставен е хиперлинк до содржината која се цитира.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања