Промени тема
Контакт

Златко Муцунски по 21 година заминува од „Порше Македонија“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-library6cbivkgbo16h9CSTbQJ

Д-р Златко Муцунски заминува од „Порше Македонија“ по 21 година на директорската функција и вкупно 34 години работа во групацијата „Фолксваген“. Веста ја објави на LinkedIn, осврнувајќи се на кариерата, постигнатите резултати и емотивната разделба со компанијата.

— реклама —

Муцунски посочи дека во текот на 21 година на чело на „Порше Македонија“ биле испорачани повеќе од 50.000 автомобили, а работата ја одбележале бројни предизвици, достигнувања, пријателства и незаборавни искуства.

— реклама —

Како особено емотивен момент го издвои прошталниот говор и оддавањето почит на Самитот за меѓународен менаџмент на „Порше Холдинг“, одржан во Задар, Хрватска.

„21 година. Повеќе од 50.000 автомобили. 34 години со групацијата ‘Фолксваген’. Цел живот исполнет со спомени“, напиша Муцунски.

— реклама —

Тој најави дека заминува со благодарност за постигнатото и дека е време за ново животно поглавје, во кое ќе се посвети на нови искуства, себеси и на луѓето што му се најважни.

Засега не е објавено кој ќе го наследи на функцијата генерален директор на „Порше Македонија“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања