Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Злосторничко здружение во аферата „Броило“ околу Ковачевски влегло во бизниси од 26 милиони евра откако е СДС на власт, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
20221002121521

Злосторничко здружение во аферата „Броило“ околу Ковачевски влегло во бизниси од 26 милиони евра откако е СДС на власт, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Дезертерот Ковачевски ја основа „Пиксел Груп“, заедно со неговиот кум Паунов, 5 месеци откако СДС доаѓа на власт во 2017 година. За само една година тие прават фабрика во Кочани за производство на фотоволтаични панели.

Преку разни државни тендери фирмата на кумот на Ковачевски зема тендери во вредност од 2 милиони евра, а во периодот кога Ковачевски е заменик министер за финансии, фирмата на кумот прави договор со ЕВН во вредност од над 2 милиони евра.

— реклама —

Целиот начин на функционирање на соларниот картел е како на злосторничко здружение.

— реклама —

Фирмата основана од Ковачевски влегува во инвестиција во фабрика во ТИРЗ Тетово, заедно со ново формирана бугарска фирма, 8 месеци откако Ковачевски станува премиер.

Инвестицијата во Тетово е во висина од 54 милиони евра, а според учеството во уделите, делот кој „Пиксел Груп“ треба да го инвестира е скоро 22 милиони евра.

— реклама —

Во аферата „Броило“, се свртени 26 милиони. ЈО да не чека и да отвори случај. Одговорност мора да има“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања