ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Значајно е намален факторот на преносливост на вирусот, вели Филипче

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
filipce

Министерот за здравство Венко Филипче денеска при посетата на Поликлиниката во Шуто Оризари истакна дека многу од предвидувањата околу пандемијата не се оствариле.

— реклама —

„Бројките се намалуваат значајно на новодијагностицираните, се намалува факторот на преносливост, се намалува бројот на паиенти што треба да се хоспитализираат. Болниците се практично полупразни, на инфективната клиника после долг период има над 30 кревети слободни и на интерните клиники над 100, а претходно беа слободни меѓу 20 и 30 кревети. Спласнува притисокот врз здравствениот систем. Можно е да има некаков мини пик понатаму, веројано би се должел на непочитување на мерките, но се покажа дека со овие препораки, со затворање на угостителските објекти имаме сериозен значаен ефект. Верувам дека граѓаните ќе бидат свесни и совесни, полицијата како и сега ќе работи интензивно и ќе избегнеме криза“, истакна Филипче.

Министерот додаде дека Новата година ќе ја пречека дома со најблиското семејство.

— реклама —

-Сакам да бидам пример за граѓаните, рече Филипче. Тој верува дека за претстојните празници ќе се почитуваат мерките за да нема нов пик на средината на јануари.

Според Филипче полицијата ќе работи интензивно за време на Новогодишните празници и на тој начин ќе се избегне евентуална нова криза во здравствениот систем.

-Морам да потенцирам дека здравствениот систем е спремен да пресретне и следен бран. Ние нема да го смениме системот на реорганизација на јавно-здравствените институции додека не поминат празниците, некаде до крајот на следниот месец. Така што, верувам дека граѓаните ќе продолжат да се однесуваат на овој начин, рече министерот.

Што се однесува до стартот на вакцинацијата, Филипче рече дека можно е вакцините во земјава да стигнат и пред месец март.

„Која вакцина ќе ја добиеме преку ковакс системот не знаеме ни ние, и ниедна земја која партиципира во тој систем. Во комуникација сме со сите земји кои понудија помош, има начин и пред март вакцините да стигнат во нашата земја. Треба да има процес на имунизација со кој ќе се постигне колективен имунитет кај 60-70% од населението“, категоричен е министерот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања