Промени тема
Контакт

ЗНМ ја осудува заканата за убиство упатена кон Ацо Кабранов

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
50840587_2091133444263452_2525936718511603712_n

Здружението на новинарите на Македонија остро ја осудува вербалната закана за убиство упатена кон новинарите и уредникот на 1ТВ Ацо Кабранов од страна на бизнисменот Зоран Азманов.

— реклама —

„Овие закани претставуваат брутално кршење на правата на новинарите и обид за цензура во медиумите кои се обидуваат критички да ја опсервираат  работата на бизнис заедницата. Бараме од Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство на Македонија активно да го следат овој инцидент во насока на брза разрешница. Само со строга санкција на нападите и заканите може да се спречи дополнително насилство кон новинарите.

— реклама —
— реклама —

Повторно потсетуваме дека доколку граѓаните сметаат дека медиумите известуваат непрофесионално на располагање ги имаат Советот на честа при ЗНМ, како и Советот за етика во медиумите. Медиумската саморегулација е најдобриот начин да се заштитат граѓаните од евентуално непрофесионално новинарство и непринципиелна работа на медиумите“, пишува во реакцијата на знм.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања