Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

ЗНМ: Нападнати новинари, повреден снимател од Алсат во скопската Чаршија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) бара од Министерството за внатрешни работи да спроведе брза и ефикасна истрага за денешниот напад кон вработен од ТВ Алсат во Скопје.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

„Имено, денеска за време на снимањето инсерти за промо на емисија во Скопската чаршија на јавна површина, нападнати се снимател и новинарките Ера Ѓакова и Сара Хоџа од страна на сопственик на берберница во скопската чаршија. Според изјавите на нашите колеги, додека снимале инсерти во чаршијата за потребите на емисијата од еден од дуќаните излегол сопственикот, бербер со ножици и им се обратил со вербални навреди и закани по живот, при што на снимателот му нанел видливи повреди на главата“, велат од ЗНМ.

— реклама —

— реклама —

При физичкиот напад била оштетена и опремата на снимателот.

„ЗНМ веднаш контактираше со новинарката од Алсат, Ера Ѓакова која беше видно вознемирена ни го потврди инцидентот и ни даде конкретни информации дека екипата со која снимале на терен била нападната без причина од страна на непознато лице, ситуацијата била непредвидлива и многу вознемирувачка, особено за нападнатиот снимател а и за колешката Сара Хоџа на која ова не и е прв пат да биде нападната, “лицето по нападот се врати во дуќанот а потоа повторно илезе, но кога виде дека веќе се собраа минувачи да помогнат а и дека е повикана полициска екипа се упати во непознат правец ”, додаваат од ЗНМ,

ЗНМ бара од Министерството за внатрешни работи да спроведе брза и ефикасна истрага во интерес на пронаоѓање и санкционирање на напаѓачот.

— реклама —

„Потенцираме дека заканите по живот се кривични дела предвидени во Кривичниот законик а МВР и ОЈО, треба итно да ги истражат и процесираат со цел да ги казнат оние кои го прекршуваат законот но и да превенираат евентуални вакви кривични дела во иднина“, завршуваат оттаму.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања