Инцидент се случил синоќа во хотелот „Мериот“ во Скопје каде дошол Зоран Милески-Кичеец, а обезбедувањето на хотелот го предупредило дека треба да излезе надвор од објектот, бидејќи бил непожелен гостин. Според очевидци кои го гледале инцидентот, Кичеец седнал во сепаре, кое неофицијално важело за секогаш резервирано за Сашо Мијалков.
Откако тој одбил да го напушти објектот и останал во сепарето на Мијалков, избила тепачка меѓу обезбедувањето и Зоки Кичеец, во која според информациите, обезбедувањето на Мијалков било натепано токму во хотелот „Мериот“.
Вчера и денеска, на социјалните мрежи има бројни коментари за инцидентот, па така, се пишува и „Големиот Мијалков измарширан во својот хотел“.
Информацијата прв ја објави политичкиот аналитичар Љупчо Палевски кој на „Фејсбук“ напиша дека обезбедувањето на Мијалков го извлекло подебелиот крај во тепачката во неговиот хотел пропратено со коментар дека Мијалков повеќе нема мир ни во хотелот каде живее и е во куќен притвор.
Неофицијално од извори во МВР, „Скопје 1“ дознава дека за случајот нема постапка и не е пријавен во полиција.