„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Зоолошка со кампања „Креирај и донирај“- Проект за разубавување на Скопје Зоо

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
kreiraj

„Зоо Скопје започнува со кампања за разубавување на зоолошката, како и збогатување на реквизитите за животните (enrichment).

— реклама —

Секој кој е креативен, сака животни, или пак поседува нешто кое може да го подари е добредојден да помогне.

„Графитџии кои би ги разубавеле ѕидовите, уметници кои би ги развеселиле патеките, скулптори кои би ни направиле статуетки животни, креативци кои би изработиле играчки и реквизити за животните, општествено одговорни компании кои би донирале алат или други средства за одржување на зоолошката, одгледувачи кои би подариле цвеќе и дрвца, хуманитарци на кои веќе не им се потребни старите транспортери и кафези за мали животни... Сите сте добредојдени!

— реклама —

Ајде заедно да ја разубавиме Зоолошка градина Скопје. Затоа што е наша, заедничка на сите!

Кампањата ќе трае до 30 март, а секој кој ќе придонесе за новиот имиџ на Зоолошка ќе добие табличка со своето име на ѕидот на пријателите и помагачи на Зоо Скопје.

Доколку ви се потребни креативни идеи за изработка на enrichment, има илјадници на Pinterest.

Доколку сакате да креирате и донирате, јавете се на 070/688-014“, велат од Зоо Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања