Зоолошката воведува кодекс на однесување на посетителите – за непочитување следи бркање

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
zooloska-2

Зоолошката градина во Скопје се пофали на својот фејсбук профил со ново поставени табли со кодекс на однесување на посетителите. Се наведува дека за секое непочитување на правилата ќе следува казна, па дури и бркање од Зоолошката градина на посетителите.

— реклама —

„На таблите јасно е истакнато дека секој кој храни, вознемирува, допира животни и фрла отпадок во нивните живеалишта, може да биде отстранет од градината, но и подлежи на казна. Искрено се надеваме дека ќе ги почитувате правилата за поубава градина и благосостојба на животните.“ се наведува во соопштението на официјалната страна на фејсбук.

— реклама —

— реклама —

Исто така, на таблите пишува и дека не треба да се уништува вегетацијата, да не се внесуваат велосипеди, мотоцикли, да не се вознемируваат животните, и строго да се почитуваат правилата во Зоолошката градина.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања