„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Зоран Крстевски: Нов почеток

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
zoran

Пишува Зоран Крстевски за vecer.press (авторот е доцент доктор по филозофски науки и универзитетски професор)

— реклама —

Утре ќе бидеме сведоци на исклучително блиско планетарно порамнување (конјункција) помеѓу двете најголеми планети во нашиот Сончев Систем, Јупитер и Сатурн, во знакот на Водолија. Овој редок небесен феномен последен пат се случил на 5 март 1226 година. Слична најблиска конјункција на Јупитер и Сатурн имало и на 16. 7. 1623 година, но тогаш таа била во соѕвездието на Лав.

Конјункцијата на Јупитер и Сатурн во соѕвездието на Водолија е космичка појава која се случува исклучително ретко. Наредна голема конјункција помеѓу овие две планети во знакот на Водолија ќе се случи на 15. 3. 2080 година, а следната ќе биде дури во2.400 година.

— реклама —

Утрешната конјункција се поклопува со зимската краткоденица (солстициј) кога Сонцето е на најниската точка и кога денот е најкраток, а ноќта најдолга. Овој период за христијаните има големо значење бидејќи според грегоријанскиот календар го означува Божик, а за Римјаните бил мошне популарен празник наречен „Сатурналија“, во кој го славеле богот на Сонцето. Христовото рождество се случило кога на небото била присутна Витлеемската ѕвезда, која ги водела трите мудреци (астролози) до местото на раѓање на Исус Христос. Германскиот астроном и астролог Јохан Кеплер во почетокот на 17 век предочил теорија дека на денот на Христовото раѓање се случила конјункција помеѓу Јупитер и Сатурн, а некои современи астрономи сметаат дека е можно планетарниот настан, кој е малку пред Божик, да има врска со Витлеемската ѕвезда.

Астролошки гледано зимскиот солстициј претставува будење на Сонцето, завршување на еден космички циклус и почеток на друг и време кога надежта, волјата и виталноста почнуваат да се зголемуваат напоредно со зголемувањето на денот и со посилното зрачење на Сонцето. Дека од 21. 12. 2020 година ќе треба да се подготвиме за нови предизвици и големи промени укажува и поставеноста на дури четири планети на нулта степенот (Сонце и Меркур во Јарец и Јупитер и Сатурн во Водолија). Во нумерологијата бројот нула го означува почетокот. Дали тоа е зародиш на новиот светски поредок, будење на позитивните сили или почеток на крајот на многу нешта, ќе покаже времето кое е пред нас.

Што треба да очекуваме од овој редок планетарен настан?

Позицијата на Сатурн во Јарец, која беше актуелна во текот на 2020 година, максимално го промени животот на луѓето, предизвикувајќи им стресни ситуации, внатрешни немири, страв од болести, сиромаштија, економска рецесија, изолација и општо чувство на несигурност. Добрата страна е што Сатурн конечно го напушти знакот со кој владее и сè до 23. 10. 2047 година нема да транзитира во соѕвездието на Јарец. Колку за илустрација ќе наведеме дека кога Сатурн престојувал во знакот на Јарец се случила големата светска депресија (економска криза) во триесеттите години од минатиот век; а во текот на 1989 и 1990 година почнал да се насетува крајот на социјалистичкото општествено уредување во Европа, се појавува огромна безработица, пропаѓање на фабриките и распад на системот во многу социјалистички земји. Мошне интересно е што градењето (1961) и рушењето (1989) на Берлинскиот ѕид се поклопува со транзитот на Сатурн во знакот Јарец, кој всушност и владее со градби, камења, затвори, стеги и ограничувања. Како владател на времето, Сатурн одредува крај на сè и поставува разни ограничувања кои често можат да се сфатат како забрана, дисциплинирање или како некој вид на казна. Од тие причини, Сатурн во астрологијата е познат како противник на развојот, односно како планета која донесува награди по многу проживеани маки и страдања.

Сето ова дава надеж дека можеби со влегувањето на Сатурн во Водолија нештата ќе бидат многу подобри, ќе се најде функционален лек за коронавирусот, луѓето ќе се ослободат од наталожените стравови, ќе можат послободно да функционираат и поопуштено да размислуваат за својата иднина. Впрочем, зодијачкиот знак Водолија е поврзан со сè што е напредно, иновативно и оригинално, тој владее со хуманоста, социјалната правда, новиот начин на размислување, дејствување и организирање. Сето ова зборува дека човештвото ќе се соочи со нови предизвици и специфични егзистенцијални околности. Сатурн во знакот на Водолија ќе се задржи до 7. 3. 2023 година, по што ќе го почне својот планетарен од во мистичните и креативни Риби.

Присуството на Јупитер и Сатурн во Водолија во игра ќе стави две можни сценарија.

Првата опција е човештвото да тргне кон правецот на позитивноста, солидарноста, помагањето и будењето на свеста за повисоките основи на постоењето. Осознавањето на стегите, ограничувањата и манипулациите наметнати од „елитите“ ќе создаде нова основа на дејствување насочена кон визијата за креирање похумано живеење. Втората опција е луѓето целосно да се подредат на технологизацијата и да станат робови на новите научни пронајдоци, посебно на иновациите кои се создадени со цел да контролираат, набљудуваат и подјармуваат. Опасноста е човекот целосно да ја загуби врската со природата на сопствената личност, како и со еко-средината.

Технократското општество оди кон тоа да ги роботизира луѓето и да ги направи зависни од надворешните влијанија. Сето тоа е дел од негативното влијание на Уран. Таа планета моментално транзитира во знакот на Бик кој ги претставува финансиите, банките и општото чувство на сигурност, така што човештвото неизбежно ќе се најде пред економска рецесија и ќе се соочи со радикална промена на системот на вредности во однос на семејството и меѓучовечките релации.

Конјункцијата на Јупитер и Сатурн во Водолија зборува за суштинската потреба да се спојат две спротивности во нас самите. Јупитер владее со правдата, благосостојбата, мудроста, позитивноста, добронамерноста и моралот, а Сатурн со себичноста, крутоста, затворениот дух, конзервативноста, контролата, но и со дисциплината, одговорноста, работливоста и постојаноста. Кога овие две планети се во конјункција една со друга, отвораат шанса да се спојат различностите и да се создаде нова похармонична основа на постоењето. Суштината е да се спојат личниот интерес и поширокиот стремеж за напредок на општеството и човештвото. Токму во периодот кога пандемијата зема сè поголем замав, неопходно е луѓето да се сплотат и со заеднички сили да работат на искоренување на оваа голема здравствена и егзистенцијална криза. Ако интересот е ставен врз профитот, манипулациите, лагите и подјармувањето на слободарскиот дух на човекот, тогаш на човештвото не му се пишува ништо добро. Можеби токму ова планетарно порамнување на површина ќе ги изнесе размислите на Никола Тесла дека „време е фантазијата, духовноста и науката да се спојат во едно“. Сè поинаку ќе создаде хаос, несигурност, апатија, отуѓување и победа на темнината. Негативната страна на конјункцијата на Јупитер и Сатурн е што може да предизвика немири на улиците, револуции поради одземени права и слободи, да создаде економско ропство, разни борби и анархични ситуации. Позитивната страна на овој аспект е во можноста со подигнување на колективната свест да дојдеме до нови подобрени општествени состојби на живеење и до будење на личните потенцијали со цел нам и на другите да ни биде добро. Како и да е, промените ќе се случуваат бавно и ќе се спроведуваат со голем напор и откажувања.

Во годините кога Јупитер и Сатурн транзитирале во знакот на Водолија се случувале мошне интересни настани за македонскиот народ. За време на одржувањето на Берлинскиот конгрес во март 1878 година, Јупитер се наоѓал на истата планетарна позиција како што е и денес. Тогаш е поништена одлуката од Санстефанскиот договор која наметнала територијата на Македонија целосно да ѝ припадне на Бугарија. На 8. 9. 1991 година за време на одржувањето на референдумот за независност на Република Македонија, Сатурн бил на истата планетарна позиција на која се наоѓа и денес. Илинденското востание 1903 година е подигнато кога Сатурн транзитирал во знакот на Водолија, а во 1874 година е роден Крсте Петков-Мисирков, еден од најголемите македонски просветители и национални дејци, токму кога Сатурн престојувал во Водолија. Дали сите овие историски и планетарни коинциденции ѝ понатаму ќе имаат големо значење за опстанокот и развојот на македонската нација, ќе покаже периодот кој е пред нас.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања