Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Зоран Заев единствен кандидат за нов претседател на СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
zaev33

Согласно Правилникот за критириумите, начинот и постапката за кандидирање и избор на третседател на СДСМ Централна изборна комисија, на 26 февруари одржа седница на која беа потврдени и објавени кандидатурите за претседател на СДСМ.

— реклама —

Поради тоа што немаше други пријави, Централната изборна комисија донесе Одлука за прифаќање на пријавата за кандидатурата на Зоран Заев, ја утврди и ја објави единствената листа на кандидат за Претседател на СДСМ, а тоа е Зоран Заев, се вели во соопштението од СДСМ.

Тие додаваат:

— реклама —

Првите непосредни, внатрепартиски избори ќе се одржат на 21 март. Над 80.000 членови со право на глас ќе можат да гласаат за новиот претседател на СДСМ. Претходно беше отворен јавен повик за поднесување кандидатури за претседател на кој можеше да се пријави секој член кој ги исполнува условите согласно Правилникот.

Со овој крупен исчекор кон демократизација и модернизирање на партијата, СДСМ поставува нови стандарди во политичкото дејствување во државата, што ќе придонесе и за демократизација на целото општество.

Токму затоа СДСМ ја ужива довербата од граѓаните, токму затоа победува но и постојано се менува, за уште подобро да им служи на граѓаните и државата, се вели во соопштението од СДСМ.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања