Околу стотина поддржувачи на делото на револуционерката Мара Бунева вчера се собраа на кејот на Вардар во центарот на Скопје.
На одбележувањето на 95-годишнината од смртта на Бунева, присустуваа и бугарскиот европратеник и копретседател на ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски, како и членови на бугарската Фондација „Македонија“.
-Вечен спомен на Мара Бунева и на сите познати и незнајни херои кои го посветија и го дадоа својот живот за каузата за слободна бугарска Македонија и обединета Бугарија. Да живее обединетата и неделива бугарска нација, од Охрид до Црно Море и од Дунав до Бело Море. Да живее бугарска Македонија. Да живее Бугарија!, порача Џамбаски од центарот на Скопје.
Ова предизвика лавина реакции во јавноста, а ова се дел од нив.
„Ангел Џамбаски треба да биде кривично гонет врз основа на член 319 и во секој случај во најмала мера треба да се протера и да се прогласи за persona non grata во Македонија“, вели професорката Мирјана Најчевска.
„Зошто европратеникот од Бугарија, Ангел Џамбаски, не е прогласен за persona non grata во Македонија?“, вели професорката Тања Каракамишева
„Ало Бујар Османи
Да не пропадна во гериз во Виена?
Изгледа полна ти е устата па немаш ништо да кажеш за Бугарската националистичка провокација среде Скопје.
Ова не е само националистичка провокација, ова е формална негација и окупација на македонската држава“, вели поранешниот министер Михајло Маневски.
„Барабата и циркузантот бугаринот Џамбаски, денес во Скопје е дојден да провоцира и иритира велејќи дека Македонија е Бугарска⁉️
Ова ама ич не е европски, ова е наци-фашизам,гнасна провокација, одвратно рчкање со нас кои сме во светлосни години поголеми демократи и Европјани
Џамбаски ни доаѓа и ни кажува што сме, кој сме и од каде сме
Епа дозволи ми да ти одговорам како Македонец пратеник од македонското собрание и човек кој верува во европските вредности
Ова е Македонија земја која постоела и ќе постои со својата автентичност и шареноликост.
Овде се зборува македонски јазик, различен од вашиот, Македонците се горди на својата земја, на својата вера, историја и традиција.
Добронемерниот гостин го примаме со широко отворена врата и полна трпеза, а таквите како тебе срамота е да го спомнат зборот Македонија.
Сакаме пријателство, почит и партнерство и знам дека ќе успееме, благодарејќи што таквите политичари како тебе се минато, реликт од дамнешни антиевропски матрици. Европа е заедништво, поддршка и почит на различности, Европа е се што ти и таквите како тебе не се ‼️
Ќе успее и ќе живее европска Македонија“, вели пратеникот Мартин Костовски.
„Каква држава е ова чим воопшто му дозволува на Џамбаски да влезе па и на сред Скопје да не понижува?“, вели Љупчо Златев.
„Бугаринот Џамбаски, несомнено, денес во Скопје е дојден да провоцира. Велејќи дека Македонија е Бугарска; тоа уште може и' да се окарактеризира како наци-фашизам: инфективна особа која со гнасни провокации ни доаѓа и ни кажува што сме, кој сме и од каде сме.
Оваа будала не заслужува никакво медиумско внимание ниту коментар. Башка во Бугарија нема никакво политичко влијание. И бугарите го процениле дека е нацибараба.
Најдобро е да останеме спокојни на вакви гнасни провокации од една страна, од друга страна, ваков говор на омраза е својствен на сите неранимајковци и битанги без разлика на која територија или идентитет припаѓале“, вели аналитичарот Ненад Јовановиќ.