Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Зошто Игор Јанушев си замина од генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Слајдер
janusev-1

Досегашниот генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ, Игор Јанушев си поднел оставка на таа функција од лични, односно од приватни причини, изјави доцна синоќа, на прес конференцијата пред партиското седиште, Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

— реклама —

Веќе подолго време односите меѓу Јанушев и Мицкоски не беа на завидно ниво. Есента минатата година на седница на ЦК на партијата Јанушев беше избран да биде Претседател на Републичкиот Изборен Штаб на ВМРО ДПМНЕ. Меѓутоа, пролетта оваа година без одлука на партиските тела Мицкоски го смени Јанушев од Претседател на РИШ и на таа функција се именува самиот себе. Односно освен шпицен кандидат за премиер на овие избори Мицкоски беше и шеф на РИШ на сопствен предлог и без одлука на ЦК на партијата за разрешување на Јанушев, објави vocentar.com.

— реклама —

Така што сценариото да биде сменет генералниот секретар и тој да биде жртвено јагне и виновник за поразот на изборите на 15 јули не може да биде реализирано поради две причини. Прво, Мицкоски не прифаќа дека ги има изгубено изборите на 15 јули. И второ, Јанушев не беше шеф на РИШ, туку тоа беше Мицкоски. Што ќе рече дека Мицкоски Претседателот на партијата може да го предложи Мицкоски шефот на РИШ како жртвено јагне за губењето на изборите, но не и Јанушев.

— реклама —

Постојат многу шпекулации за заминувањето на Јанушев. Веќе долго време има лоши односи со луѓе во партијата. Од таму протекоа оние фотографии дека Јанушев се подновил со скап автомобил лексус.

 

Текстот во целост на:  vocentar.com.

 

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања