„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Зошто Јанева игнорирала кога УФР ја предупредило дека Камчев вади милиони од банка?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
orce-kamcev

Од владината Управа за финансиско разузнавање за „360 Степени“ велат дека постапиле законски и го известиле СЈО дека блиски на осомничен во случајот „Империја“ (Јордан Камчев) од банкарски сметки повлекле големи суми готовина. Станува збор за еврата што се гледаат на видео-снимката што ја објави италијанска „Ла Верита“.

— реклама —

Управата за финансиско разузнавање (УФР) постапила законски и го известила СЈО, како надлежен орган, за извлекување големи суми готовина од сметки на членови на семејството на Јордан Камчев. Откако банката (банките), како што бара законот, ја известила УФР за влечењето кеш, Управата за финансиско разузнавање, исто така како што бара законот, подготвила т.н. Извештај за сомнителни активности и го доставила до Специјалното обвинителство, потврдија за „360 Степени“ од УФР. Детали за тоа кога е испратен и што точно содржи Извештајот, од УФР не откриваат, повикувајќи се на доверливост на податоците содржани во документот.

Известувањето требало да биде аларм за Катица Јанева да провери што се крие зад повлекувањето големи суми во готово од блиски на осомничен во „Империја“. Според сознанијата на „360 Степени“, станува збор за готовината во евра што се гледа на видео-снимката што ја објави „Ла Верита“ и за која се слуша и во дел од обелоденетите аудио-материјали.

— реклама —

Прочитајте ја целата анализа на 360 степени, тука.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања