Промени тема
Контакт

Зошто Мицкоски прифатил усвојување Резолуција од ЕПП со ставови на Бугарија, прашува СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Mickoski-12.03.2022

Со своето недржавничко однесување Христијан Мицкоски ја погази и застана против Резолуцијата за македонските позиции во однос на блоката од страна на Бугарија, вели СДСМ.

„Во Резолуцијата за македонските позиции, под број 4, се бара продолжување на европските интеграции со „уважување на вложените напори од наша страна за исполнување на критериумите“.

На ниту едно место во оваа резолуција не стои дека Северна Македонија нема исполнето некој критериум за членство. Напротив, дури и во името на самата Резолуција е создржана суштината, дека се однесува на блокадите на нашата интеграција во ЕУ, од страна на Бугарија.

— реклама —

Сосема спротивно од Резолуцијата за македонските позиции, Мицкоски на Конгрес на ЕПП прифатил Резолуција каде во еден дел е вграден ставот на Бугарија.

— реклама —

Тоа е тврдењето во дел од Резолуцијата на ЕПП дека не сме ги почнале преговорите со ЕУ затоа што не биле „постигнати опипливи резултати во однос на спроведувањето на билатералните договори со Бугарија.“

Зошто Мицкоски прифатил усовјување Резолуција од ЕПП со ставови на Бугарија, спротивно на македонските позиции и македонската Резолуција, усовоена во нашето Собрание?

— реклама —

Очигледно свесно и намерно“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања