Претседателот Стево Пендаровски во интервју за Радио Слободна Европавели дека со тоа што кажал дека Гоце Делчев се декларирал како Бугарин, а се борел за независна и самостојна Македонија, ги зајакнал македонските преговарачки позиции во дијалогот со Бугарија.
– Македонската јавност треба да знае дека комисијата од историчари составена од Македонија и Бугарија западна во ќopcокак. Практично дојде до ситуација, дојде до периодот 19-20 век, во кој бугарската страна инсистираше, по мое убедување од политички мотиви, сè што се случувало во тој период да биде препишано само на бугарската историја и сите тие дејци, сите peволуционери и сите настани да бидат дефинирани како исклучиво бугарски. Јас после една долга серија консултации, кои ги имав со академиците во нашата академија, со членовите на нашата комисија, со истакнати интелектуалци и професори по историја на наша страна, од нашата држава, заклучив дека е потребен извесен политички ветер во грб на нашата страна од комисијата и една политичка рамка да речам, не конечно или целосно решение, туку една политичка рамка во која идните разговори во рамки на таа комисија, евентуално можат да се одвиваат. – рече Пендаровски.