Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Зошто пријателствата тивко исчезнуваат во зрелоста? Вирален текст ги погоди луѓето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 ден -

Магазин
media-libraryopi1qdndvan50J1BEPO
Photo by Helena Lopes on Unsplash

Текстот „Тивката тага на пријателствата во зрелоста“ деновиве стана вистински хит на социјалните мрежи, а многумина го опишуваат како „еден од најдобрите текстови годинава“.

Авторот Пранав Џаин пишува за тивкото исчезнување на пријателствата во зрелоста – не преку караници и драматични разделби, туку преку сè поретки пораки, одложени средби и реченицата „мора наскоро да се видиме“.

— реклама —

Во текстот Џаин опишува како едно доцновечерно јавување од стара пријателка го потсетило на периодот кога пријателствата биле спонтани, без планирање и календари.

— реклама —

„Некогаш пријателството не бараше комплицирано организирање. Поминувавме часови разговарајќи без да гледаме на часовникот“, пишува тој.

— реклама —

Авторот посочува дека пријателствата во зрелоста најчесто не завршуваат со јасен прекин, туку полека исчезнуваат под товарот на работата, уморот, далечината и обврските.

Тој смета дека модерниот начин на живот, особено во големите градови, тивко ги уништува блиските односи, иако луѓето никогаш не биле подигитално поврзани.

„Можеби сме првата генерација што има постојан пристап едни до други, а истовремено станува емоционално недостапна“, наведува Џаин.

Текстот предизвика огромни реакции бидејќи многумина се препознаа во чувството на загуба на пријателства што некогаш биле клучен дел од нивниот живот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања