Промени тема
Контакт

Зошто СДСМ е без став за писмени гаранции за идентитетот, јазикот и историјата во преговорите со Бугарија, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
18022022_PVRSM_sredba_Petkov

„Ковачевски е спремен да дава писмени гаранции на Бугарија, а молчи за барањето на ВМРО-ДПМНЕ да потпише и да застапува писмени гаранции за македонскиот идентитет, јазик и историја“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат:

— реклама —

„Ковачевски и СДСМ молчат за овој предлог на ВМРО-ДПМНЕ кој е во насока на зацврстување на државните позиции и интереси. Да потсетиме, СДСМ одби и подадена рака од страна на опозицијата да се изгласа Декларација за Гоце Делчев во Собранието по повод јубилејот 150 години од неговото раѓање.

Ова отвора големи сомнежи дека власта на СДСМ се подготвува да направи многу повеќе од внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав. Постои сериозна опасност СДСМ и Ковачевски да прифатат позициите на бугарското Собрание да станат составен дел од преговарачката рамка. Овие позиции се крајно негаторски и неповолни за Македонија и доколку станат дел од преговорите тогаш или ќе дојде до идентитетско обезличување или до бесконечни преговори.

— реклама —

Затоа ВМРО-ДПМНЕ бара од Ковачевски да прифати и да застапува гаранции, бидејќи кога може да му дава гаранции на Кирил Петков, тогаш мора и на својот народ да му гарантира дека никој нема да го обезличува и нема да го попречува со апсурдни оспорувања патот на Македонија кон ЕУ.

— реклама —

Во исто време ВМРО-ДПМНЕ бара широка интелектуална и општествена поддршка, бидејќи постои опасност доколку се случи прифаќање на одредени отстапки сега, да дојде до несогледливи последици за Македонија“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања