Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Зошто се успорува бетонизацијата кај „Треска“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
Treska

Два членови од Законот за урбанистичко планирање и еден од Уставот се оспорени пред Уставниот суд за Деталниот урбанистички план кој го опфаќа и земјиштето кај фабриката „Треска“. Адвокатката Сузана Јошевска и граѓанска иницијатива „Шанса за Центар” сметаат дека Деталниот план е спротивен на Генералниот урбанистички план.

— реклама —

„Подносителите наведуваат дека поради овие околности се прави груба повреда на член 11 став 7 и член 15-б од Законот за просторно и урбанистичко планирање. Подносителите во иницијативата наведуваат дека донесената одлука за ДУП е во спротивност со владеењето на правото содржано во членот 8 од Уставот, како и дека е во спротивност со членови од Законот за просторно и урбанистичко планирање“, велат од Уставен Суд.

— реклама —

Во членовите за кои адвокатката Јошевска и „Шанса за Центар“ тврдат дека се прекршуваат носење на измените на ДУП-от, стои дека темелна вредност е хуманизација на просторот, Деталниот план да е усогласен со урбанистичкиот, како и дека максималната изграденост треба да биде 70 отсто.

— реклама —

„Темелни вредности на уставниот поредок на Република Македонија се уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата“, стои во членот од Уставот кој е оспорен.

Законот за урбанистички планирање предвидува: „Деталниот урбанистички план, како план од пониско ниво, мора да биде усогласен со генералниот урбанистички план“, а подносителите сметаат дека е прекршен.

Дополнително, според нив, Деталниот план не е во согласност со законот кој предвидува: „При изработка на урбанистичките планови со кои се уредува просторот за градби со намена домување во станбени куќи процентот на изграденост на градежната парцела треба да изнесува 70%, а висината на градбата изразена во метри до венец 10,2 метри. За градби со намена домување во станбени згради процентот на изграденост треба да изнесува 70%, а висината на градбата изразена во метри до венец за градежни парцели со површина од 500 до 1.000 м2 треба да изнесува најмалку 25,2 метри, а за градежни парцели со површина поголема од 1.000 м2 треба да изнесува најмалку 30 метри. Површината на градежната парцела за градби со намена домување во станбени згради треба да изнесува најмалку 500 м2“.

Уставниот суд ги испитува наводите.

„Овие предмети се предадени на работа кај тимови од советници и судии и се во почетна фаза од работењето, односно во претходна постапка. Уставниот суд допрва ќе ги испитува наводите во иницијативите и барањата и ќе оформи реферати кои ќе содржат предлози за гласање на седница“, велат од Уставен суд.

Досега се издадени две градежни маркици кои се правосилни за градење на местото од фабриката „Треска“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 5 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 5 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 5 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања