Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Зошто социјалните служби не реагираат на време, граѓаните бараат помош од хуманитарни организации - семејството од Ерџелија ќе добие нов дом

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kuka

Трошната куќа на Виолета Давиткова (46) од Ерџелија, Свети Николе ќе биде урната од темел, бидејќи поради лошата состојба во која се наоѓа, не може да биде поправена и безбедна за живот. Во дворот на семејството ќе се изгради нов дом, каде жената со своите болни син и сопруг ќе има достоинствен живот, објави ФОКУС. 

— реклама —

Давиткова излезе во јавност минатата недела, кога раскажа за тешкиот живот со синот кој долги години е во кревет и на кого му е потребна 24-часовна нега, но и за сопругот кој пред десеттина години доживеал два мозочни удари, по што не бил работно способен.

Набргу по нејзиниот крик за помош, се огласи хуманитарецот Александар Горгиевски од Штип, кој информира дека на почетокот на април домот на Давиткови комплетно ќе биде срушен, а на истото место ќе се изгради ново живеалиште за фамилијата.

— реклама —

Зошто социјалните служби ги дозволиле пропустите и не се реагирало на време, туку најчесто се чека загрозени семејства со тешки здравствени или материјални проблеми да бидат доведени до работ, па дури откако ќе ја споделат маката со јавноста, да се преземат чекори? Дали оние луѓе во тешка состојба кои нема да се огласат во медиумите, остануваат невидливи за институциите и се препуштени самите на себе?

Текстот во целост на:  ФОКУС. 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања