Промени тема
Контакт

Зошто владата молчи за предлогот бугарските позиции да влезат во рамка за преговори во ЕУ, вели Томовски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Tomovski-17.06.2022

Зошто владата нема став за предлогот за Македонија кој беше објавен во медиумите, вели Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

„Вчера во медиумите беше објавен таканаречен предлог каде наводно се вели дека земја членка ќе предложи тргање на ветото за Македонија од Бугарија, а за услов ќе биде обврската бугарските позиции изразени преку бугарската декларација, договорот за добрососедство и барањето за промена на Уставот да станат дел од преговарачката рамка во преговорите со Македонија.

Досега официјална потврда нема од релевантните извори, додека владата на Македонија молчи. Бидејќи ВМРО-ДПМНЕ на ниту еден начин не е информирана за овој предлог, а владата одамна ги крие преговорите од ВМРО-ДПМНЕ се чувствуваме повикани да потенцираме и апелираме на неколку работи, пред се водени од можните штети и катастрофалните последици кои може да се случат.

Прифаќањето на таканаречениот предлог значи бугаризација на Македонија и сето тоа да стане дел од преговарачката рамка и услов на кој мора Македонија да се согласи за да стане членка на ЕУ.

— реклама —

Ова значи или ќе прифатиме бугаризација на државата или нема да се исполни условот, а Македонија би останала вечно пред портите на ЕУ.

Воедно не ја исклучуваме можноста овој предлог да биде искористен како маша на противниците на идејата за Европската Унија, и воедно да се влијае на создавање на евроскептицизам.

Главното прашање после ваквиот нокаут за дипломатијата на Ковачевски и Османи е што правеа додека се пишуваше таканаречениот предлог? Зошто молчат и кој е нивниот став за оваа катастрофа.

— реклама —

Ковачевски се смешкаше на провокацијата дека сме Западна Бугарија, а денес молчи за таканаречениот предлог.

Ако цената е да се направи бугаризација а за возврат да се интегрираме во ЕУ тоа е цена која не сме подготвени да ја платиме бидејќи жртвувањето на идентитетот за ВМРО-ДПМНЕ нема цена.

— реклама —

Предлогот е пораз за дипломатијата и пораз за Македонија. Мора да се стави крај на поразите, тапкањето во место и ударите врз идентитетот затоа што е премногу.

Затоа ве повикуваме и на масовен протест за промени пред влада утре со почеток во 20 часот“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања