Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Зошто за ЗНМ сајт со посетеност од 225.000 луѓе за година и пол не е подобен?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
joci-111

Фб статус на новинарката Јорданка Иваноска Јоц:

— реклама —

Да ги поздравам со бројкиве, ЗНМ и Советот за етика, за кои ете мојот сајт не е подобен за регистарот на професионални медиуми.

Пазете, со посетеност од 🔴 225.000 луѓе за година и пол, 🔴 1,3 милиони отворања на текстови (и тоа не штанцам се' е сешто), 🔴 525.000 сесии, јас не им парирам на нивните критериуми ⁉️ Бројкиве се официјални, од ,,Гугл аналитикс".

— реклама —

И овие бројки се без агрегатите тајм.мк и грид.мк, каде ме нема, а кои билдаат читаност макар напишале и дека магаре научило да лета.

А, сум еден човек, притоа немам НИЕДНА поплака за ,,фејк њуз", ,,говор на омраза" или ,,клевета", а во најголем дел имам авторски коментаторски текстови

Сaкам да им кажам дека создале такви булшитовски критериуми, кои, во светот никогаш не би поминале. Бидејќи, во светот медиуми водат јавни личности, авторитети, коментатори, блогери, а не само новинари, кои, извинете - ама во земјава во најголем дел ги бива само да лапаат по коктели.

А, мојот сајт не е подобен поради административни бариери, не за друго. Ставиле на листата сајтови кои шират ,,фејк њуз", но јас не можам да завршам на листата во ниеден случај, пошто таму некоја баба ваљда која удира печати во архива, бара 2 бироа и едно пет персонални компјутери за ,,професионалност"!?

Јебал ве регистар.

Ај, сега, да си направите втора листа за нас кои сме влијателни во општеството, а работиме 24/7, сами ❤❤❤

Поентата беше да спречите аномалии, да кренете етика, а не да кревате продажба на бироа и столици за некој да стави нозе и толку.

Публиката не чита регистри. Тоа веќе знаете, напиша Јоци на својот профил на Фб.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања