Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Зохран Мамдани извојува историска победа: Прв пат во четиривековното постоење, Њујорк го има најмладиот социјалистички градоначалник

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
media-librarytmg7b0d3qp518VjJyOx
Х

Зохран Мамдани, роден во Уганда и преселен во САД на седумгодишна возраст, е првиот муслиман и најмладиот во последните 100 години кој избран за градоначалник на Њујорк. Тој го победи Ендру Куомо со убедлива предност.

За Мамдани, гласале 50,4 проценти од избирачите, додека Куомо добил 41,6 проценти од гласовите, републиканецот Кертис Слива освоил само 7,1 процент од гласовите.

— реклама —

Неговата визија за социјален и подостапен град му ја донесе големата победа, најавувајќи замрзнување на кириите во Њујорк, како и бесплатен јавен превоз, универзална грижа за децата, попристапни цени во продавниците и прогресивно оданочување на најбогатите. Во неговата кампања учествуваа 100.000 волонтери кои тропнале на повеќе од 3 милиони врати.

— реклама —

Во текот на кампањата Зохран Мамдани отворено ја критикуваше бруталната војна на Израел во Газа. Неговиот став за надворешна политика, се разликува од оној на мејнстрим Демократската партија, отворено ги поддржува Палестинците и ги критикува израелските политики.

Тој често го истакнува своето имигрантско потекло како основа на неговите политички ставови:

— реклама —

„Пораснав во систем каде што многу рано научив што значи да се биде сиромашен, невидлив и погрешно разбран“.

— реклама —

Неговата мајка е познатата индиска режисерка Мира Наир, а неговиот татко е истакнат професор и научник на Универзитетот Колумбија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

bolnica-bolnicki-krevet-doktor-620x350

Терминално болните во Њујорк ќе можат законски да побараат лекови за прекин на животот

Свет | пред 4 дена

media-librarykkbeotev1k8bb9fUDSi

Њујорк ја стопира изградбата на нови центри за вештачка интелигенција поради огромната потрошувачка на струја

Свет | пред 3 седмици

media-librarykkbeotev1k8bb9fUDSi

Њујорк воведува правило „Кликни за откажување“ – крај за претплатничките замки

Свет | пред 4 седмици

media-librarytdgcs6c1ug67fCz5Oym

(Видео) Хорор во Њујорк: Маж се самозапали во знак на протест за Тибет пред седиштето на ОН

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања