Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Жртва на измама – ѝ рекле да даде пари или синот ќе лежи во затвор поради сообраќајка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје

„Син ти направи сообраќајна несреќа во која загина дете. Да ни дадеш пари и ќе средиме тој да не лежи во затвор“. На овој начин вчера била измамена 68-годишна скопјанка која случајот го пријавила во полицијата.

Од МВР велат дека жената добила повик на домашниот телефон во станот на нејзиниот син. Ѝ се јавило непознато лице кое и кажало дека наводно нејзиниот син направил сообраќајка, при што згазил дете кое починало. Потоа тој и побарал 50.000 евра за наводно да „среди“ да не биде казнет нејзиниот син, а во спротивно тој би бил казнет со затвор до десет години.

— реклама —

Жената му кажала дека немала толку пари по што тој ја прашал колку можела да најде. По кратко време, му дала 135.500 денари на таксист кој го испратило лицето со кое зборувала. Подоцна оштетената исконтактирала со нејзиниот син и сфатила дека била измамена за сума од 135.500 денари.

фото: ru.depositphotos.com

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања