Адвокатката Катерина Котеска Стисниовска објави сведоштво во кое тврди дека била демнета и нападната, од семеен насилник, чија жена ја застапувала на суд. Таа посочува дека не била повредена, но дека е третпат да биде мета на насилник поради предмет кој го застапувала.
„Денес бев нападната од страна на семеен насилник,чија жена ја застапував на суд пред некое време. Добро сум. Не сум повредена.Само исплашена,бидејќи од порано ме демне и изјавил дека знае кај живеам. Жртвата повеќе не му е достапна,па мора на некој да се истура,најверојатно. За среќа се случи на место каде што полицијата реагираше веднаш. Ова ми е трет пат да бидам нападната од насилниците од кои ги штитам жртвите на суд. Првиот пат не пријавив,вториот: пријавив,но не процесуирав,а овој пат пријавив и планирам да процесуирам затоа што само процесуирани насилство има потенцијал да не се повтори. Иако, ваквите случувања ги сметам како ризик на професијата и материјата која ја работам,сметам дека само процесуирањето ќе биде делотворно. За жал,а најубаво,преку сопствен пример го докажувам она што го пишувам овие денови во 16 дена активизам против семејното насилство и насилството врз жената. Сите институции да се запрашаат сериозно,зошто во сред бел ден 13:30х ,во сред институција,додека ја извршував мојата професија,ме нападна семеен насилник за кој полицијата ми кажа дека последните 2 години е постојано кај нив и во ЦСР“, пишува адвокатката Катерина Котеска Стисниовска.
Таа постави и неколку прашања.
„Предметот, во кој застапував беше пред повеќе од година дена. Зошто не се третирал до сега како сторител на семејно насилство? Зошто како жена во извршувањето на мојата професија сум жртва? Дали можеше да биде полошо? Дали насилниците се одважија до тој степен да напаѓаат службени лица додека си ја вршат професионалната должност и тоа во сред институција во која врие од полиција?И зошто? Осудувам и осудите секој вид на насилство,а само пријавено и процесуирани насилство,работа со жртвата и сторителот во постапкатаче допринесе да биде намалено“, додава адвокатката Катерина Котеска Стисниовска.