Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Жртви во Украина по напад со дрон за време на велигденското примирјето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
SLIKA-UKRAINA

Во текот на вчерашниот руски напад со беспилотно летало на првата линија на фронтот во регионот Донецк, пред истекот на примирјето прогласено по повод православниот Велигден, загина едно лице.

— реклама —

Полицијата наведе дека во напад со FPV-дрон врз градот Дружкивка вчера загинало едно лице, а бил оштетен автомобил. Во одделен напад врз градот Краматорск денеска во 01:46 часот по локално време, едно лице загинало, а едно било повредено.

— реклама —

Гувернерот на Донецката област претходно соопшти дека во текот на вчерашниот ден во регионот загинале вкупно две лица. Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за прекршување на 32-часовното примирје.

— реклама —

Украинскиот Координативен штаб за постапување со воени заробеници соопшти дека за време на таканареченото велигденско примирје руските сили стрелале четворица украински воени заробеници во регионот Харков.

— реклама —

Генералштабот на украинската војска наведува дека се регистрирани повеќе од 10.000 прекршувања на примирјето од страна на руските сили, додека руското Министерство за одбрана тврди дека украинските сили го прекршиле прекинот на огнот во 6.558 случаи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47jcaee6d88j01lEBMf

(Видео) Над 850.000 Украинци останаа без струја по новите руски напади врз енергетската мрежа

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library4bb6t509i29t0ECHASx

Русија со ракетен напад врз Киев: Оштетени станбени згради, мост и градинка, петмина повредени, меѓу кои и 14-годишно дете

Свет | пред 2 дена

media-libraryspg3a44vr325ahxo10E

(Видео) Бројот на загинати во рускиот напад врз Запорошката област се искачи на 55

Свет | пред 2 дена

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски бара двопартиска поддршка од САД и итна испорака на ракети за „Патриот“

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања