Истрагата за страотната автобуска несреќа ќе ја води Бугарското обвинителство. Но, на местото на несреќата веќе е тргната екипа од Крим техника од МВР за асистенција на тамошните истражни органи.
Загинатите се изгорени до непрепознатливост според првичниот увид, и идентификацијата ќе се врши со ДНК анализа. За тоа, според македонските истражни органи, Бугарија има врвна опрема.
Во моментов е невозможно ни оддалеку да се знае кои македонски граѓани биле во изгорениот автобус. Во турата имало 4 автобуси превезувани од иста туристичка агенција од Скопје, но постои можност патници да се менувале по желба со местата, од автобус во автобус. Затоа, велат нашите соговорници, не може засега да се зборува за список на загинати патници. Патниците на оваа екскурзија, според неофицијалните податоци, се од повеќе градови од Македонија, пишува СДК.
Целиот текст можете да го прочитате тука