„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Жугиќ: Го повикуваме лажниот социјалдемократ, Шилегов и неговите послушници да ја вратат старата цена на градскиот паркинг и да мислат на граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
zugic

Во екот на пандемијата, на економскиот колапс и на галопирачкиот раст на сиромаштија, СДСМ и градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов го поскапеа паркирањето во градот.

— реклама —

Го повикуваме Шилегов и неговите послушници во Советот на Град Скопје да се вразумат и да ја вратат старата цена на градскиот паркинг, а потешкотиите во работењето на претпријатието да го помогнат од градската каса, не од џебот на граѓаните, истакна на денешната прес конференција Јелена Жугиќ, советник во Град Скопје.

— реклама —

Жугиќ во продолжение додаде:

Шилегов не само што ја зголеми месечната карта во катните гаражи кои се под надлежност на „Градски паркинг“ за 100%, туку ја зголеми и цената за час на зонското паркирање од 10% до 20% во однос на старата тарифа. За секој час паркирање на зонските места, цената на билетот е зголемена за 5 денари.

Оваа одлука е апсурдна!

Во време кога градскиот превоз се одвива со намален капацитет и кога временските услови не дозволуваат користење на алтернативен превоз, велосипеди и тротинети, во време кога илјадници граѓани живеат во сиромаштија со 120денари дневно, во време кога десетици илјади скопјани останаа без работа, СДСМ и Петре Шилегов го поскапеа паркирањето дури и до двојно повеќе.

Шилегов, лажниот социјалдемократ удира по џебот на граѓаните за да го прикрие своето неодговорно, неекономско и неделотворно работење. Парите во износ од над половина милион евра кои во сред пандемија ги потроши за пластични диносауруси и новогодишни сијалички, сега тој решил да ги наплаќа од граѓаните.

Лажниот социјалдемократ донесе одлука за поскапување на паркинг услугите во време кога поскапе и струјата и водата, кога поскапеа горивата и пораснаа цените во малопродажбата.

И за крај со неколку стихови во духот на новогодишните празници.

Среде Скопје високо елката ни стои и ја красат играчки од илјадници евра и бои,

И додека народот за егзистенција се бори,

Петре сака од паркирање пари да си брои.

Петре од бајките милно ни се смее и ни вели весело секој нека венее.

Петре, Петре место дарови во криза да реди тој нашите џебови упорно ги цеди, истакна Жугиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања