Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Жугиќ: Граѓаните беа препуштени речиси сами да се справуваат со пожарите неколку дена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Пожарите стануваат сериозна закана за градот Скопје и населените места околу градот Скопје. Отсуствува посериозен и посеопфатен ангажман на надлежните институции во справувањето со ваквите катастрофални појави. Практично пожарите директно и индиректно го загрозуваат здравјето на Скопјани. Последниот пожар на Скопска Црна Гора кој остана нелокализиран неколку дена направи огромна штета за животната средина и беше со можни закани за последици врз здравјето и на локалното население. Граѓаните беа препуштени речиси сами да се справуваат со пожарите неколку дена. Тоа покажува неколку работи: дека се недоволни капацитетите на градската противпожарна заштита, дека Дирекцијата за справување недоволно се ангажира во справување со ваквите пожари и дека владата треба посериозно да се вклучи во гасењето на пожарите, Истакна Јелена Жугиќ, Советник во Советот на Град Скопје.

Таа вели: Скопска Црна Гора како и Водно се белите дробови на Скопје, и додаде:

— реклама —

Како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје предлагаме:

— реклама —

— реклама —

  • При гаснење на посериозен и поголем пожар да се вклучи и Армијата на Република Македонија со своите ресурси.
  • Градот Скопје и владата да извршат акција за пошумување на уништените зелени површини и дрва кои беа зафатени од пожарите на Скопска Црна Гора.
  • За таа цел да се изврши пренамена на средствата кои владата ги дава за набавка на цветни аражмани кои беа во висина од над 700 илјади евра како и Градот Скопје да се откаже од набавка на службени возила за менаџментите на јавните претпријатија. Парите да се наменат исклучиво за разеленување на опожарените површини и доопремување на противпожарната градска служба.

Градот Скопје и градоначалникот Петре Шилегов да демонстрираат општествена одговорност за потребите на Скопјани, истакна Жугиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања