Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Жугиќ : Заев го измете Шилегов од својот двор, но проблемот е депонијата надвор од дворот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
jelena-zugic

Најнеспособниот градоначалник Шилегов доби метла од партиските кругови, но проблемот е неговата неработа како градоначалник. Граѓаните немаат интерес од потпретседателот Шилегов, туку проблемот е градоначалникот Шилегов. Добро е што неговата партија призна дека тој е неуспешен, сега на ред е оставка како градоначалник, истакна Јелена Жугиќ.

Петре Шилегов треба да добие метла како градоначалник затоа што: -Е единствениот кому му украдоа урбана опрема за фонтаните и покрај ангажирана чуварска служба. Сега штетата ќе ја плаќаат скопјани;

- Затоа што 2 години ја закочи изградбата на новиот луна парк, кој досега требаше да биде готов;

— реклама —

- Затоа што додека скопјани се гушат во смет, зони на Скопје се без соодветен водовод, прептријатијата бележат загуба, се зголемува паричниот надоместокот на членовите во управните и надзорните одбори на градските претпријатија;

- Затоа што за Шилегов не е проблем тендерот доделен на невенчаниот сопруг на министерката од владата која ја води партијата каде до скоро беше и самиот тој потпретседател, не за него тоа не е проблем;

— реклама —

- Затоа што го поскапе паркингот;

- Затоа што ветуваше Скопје со чист воздух, а добивме најзагаден град во светот;

- Затоа што нема ниту еден ново изграден булевар, парк ниту пак започна било каков капитален проект;

— реклама —

- Затоа што Петре вети многу, а не оствари ништо.

-И секако затоа што ги навреди членовите на ВМРО-ДПМНЕ и партијата со зборовите простотилук и фашисти;

— реклама —

Недавањето на оставка на Петре Шилегов ќе докаже дека операцијата метла е само сеење на магла и однапред договорена операција за спас на нивните пропаднати политичките кариери, истакна Јелена Жугиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања