Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Жугиќ:Шилегов да се извини за говорот на омраза, во спротива ќе поведеме постапка пред институциите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
jelena-zugic

Петре Шилегов е олицетворение на целата некултура на СДСМ. Деновиве Шилегов од позиција на градоначалник на град Скопје јавно искажа говор на омраза и нетолерантност кон партијата ВМРО-ДПМНЕ и нејзиното членство.

Нервозата на Шилегов е очигледна, но навредите нема да ја сокријат неговата неработа и неспособност да ги решава проблемите на скопјани. Од тоа што Шилегов не е веќе потпретседател на СДСМ, скопјани не добиваат апсолутно ништо. За да му тргне на Скопје, Шилегов треба да си поднесе оставка од градоначалник.

— реклама —

Поистоветувањето на ВМРО-ДПМНЕ со зборовите простотилук и фашизам, се тешки квалификации за кои Шилегов мора да се извини, ова е последно предупредување пред поведување на постапка против него пред надлежните институции. Скопје година и 7 месеци не виде ниту еден проект, ниту инвестиција. Во Скопје година и 7 месеци не се гради ама баш ништо. Шилегов е најнеспособниот градоначалник на Скопје, единствено што знае и прави е ширење на говор на омраза.

— реклама —

На скопјани им е преку глава од примитивизмот на Шилегов. Очигледно е дека освен говор на омраза и навреди Шилегов не знае за друго. Токму затоа наместо да се нарекува градоначалник и да не знае што прави треба да си поднесе оставка од градоначалничката функција и тоа час поскоро. Шилегов треба да си поднесе оставка затоа што и во неговата партија велат дека тој е неспособен. Не може Шилегов да е неспособен за партијата, а да е добар за град Скопје.

— реклама —

Скопјани се незадоволни од работата на градоначалникот Шилегов, а не од потпретседателот на СДСМ, токму затоа оставка мора да поднесе оставка и тоа веднаш.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања